Скопје        Охрид
 

[HeadlineCategory]

О П Ш Т И У С Л О В И ЗА П А Т У В А Њ Е

1. СОДРЖИНА НА АРАЖМАНОТ Организаторот на патувањето гарантира реализација на аражманот според описот во програмата.Содржината на аражманот ќе се оствари во потполност и на опишаниот начин, освен во случај на “виша сила”(војна,штрајк, терористички акции,елементарни непогоди и слично).

2. ПРИЈАВИ И УПЛАТИ Пријави за секое патување се вршат до пополнување на местата,со уплата на аконтација назначена на секоја поединечна програма.Пријавите можат да се извршат во Т.А.ФЕРИЈАЛ - КАШИКОВ- Штип.При пријавувањето купувачот уплаќа аванс од 30% од вредноста на аражманот, а остатокот по потврдувањето на резервацијата од службата за резервации, и тоа најдоцна до 10 дена пред реализацијата на аражманот.При пријавувањето патникот потпишува пријава - договор со назнака “Изјавувам дека сум запознат со програмата и Општите услови на патување и дека во целост ги прифаќам”со што Општите услови стануваат правна обврска за организаторот и патникот.

3. ЦЕНА НА АРАЖМАНОТ Цените за сите патувања се објавени во соодветна валута во програмата.Секое барање за дополнителни услуги подразбира додатни плаќања.Организаторот го задржува правото на промени на цената на аражманот во случај на промена на цените на хотелските,превозните и други услуги,како и во случај на промена на девизните курсеви на пазарот.

4. КАТЕГОРИЗАЦИЈА И ОПИС НА УСЛУГИТЕ Понудените хотели и апартмани се опишани според официјалната категоризација во време на издавањето на каталогот.Квалитетот на услугите е под надзор на локалните туристички организации, стандардите на сместување и услугите се различни по дестинации и не се споредуваат.

5. ИЗМЕНИ ВО ПРОГРАМАТА И ПРАВО НА ОТКАЗ НА АРАЖМАНОТ Организаторот има право да ја измени програмата (во времетраењето или содржината) во случај на виша сила или вонредни околности кои не можел да ги предвиди,избегне или отстрани.Учесникот на патувањето има право на рефундација на износот за нереализираните услуги.Опрганизаторот го задржува правото да го одложи или откаже аражманот во случај на недоволен број на пријавени патници од предвидениот минимум за одреден аражман.Организаторот е должен да ги извести сите купувачи за отказот најмалку 5 дена пред почетокот на реализацијата на аражманот и да им ги врати во целост уплатените средства најдоцна во рок од 8 дена од денот на откажувањето.

6. ОТКАЖУВАЊЕ ОД ПАТУВАЊЕТО Патникот може во секој момент да се откаже од патувањето и тоа треба да го направи во писмена форма.Датумот на писмениот отказ представува основа за пресметка и наплата на отказните трошоци (во однос на основната цена на аражманот),според следната скала: - за отказ до 30 дена пред патувањето се наплатува 5%;

- за отказ од 29 до 22 дена пред патувањето 20%;

- за отказ од 21 до 15 дена пред патувањето 25 %;

- за отказ од 14 до 8 дена пред патувањето 50%;

- за отказ од 7 до 1 дена пред патувањето 90%;

- ако патникот не се појави или го откаже аражманот на денот на неговата реализација,организаторот ќе го наплати целокупниот износ на аражманот.Во случај на отказ на веќе потврдена резервација на уплата, организаторот ќе наплати отказни трошоци во висина на уплатената аконтација.Доколку патникот го менува терминот на поаѓање на истиот аражман најмалку 15 дена пред денот на предходното утврдено поаѓање, доколку е можно организаторот ќе изврши промена на резервацијата и ќе наплати манипулативни трошоци во висина од 5 евра ( во денарска противвредност).Доколку патникот се откажува од патувањето поради причини кои неможел да ги предвиди, избегне или отстрани (болест или смрт во потесното семејство,елементарна непогода,воена обврска и сл.),а врз основа на важечка потврда од надлежните органи,во тој случај не ги плаќа отказните трошоци по наведената скала туку само реалните трошоци произлезени од откажувањето на аражманот.

7. ОБВРСКИ НА ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО Организаторот е обврзан да се грижи за реализацијата на услугите и за изборот на извршителите на услугите со внимание на добар организатор,да се грижи за интересите на патниците согласно добрите обичаи во туризмот.Организаторот е должен да му ги овозможи на патникот сите услуги наведени за поединечниот аражман во програмата,и одговара за евентуално не извршување на услугите или дел од услугите.Организаторот исклучува секаква одговорност во случај на промени и неизвршување на услуги предизвикани од дејство на виша сила како и од доцнење на превозните средства,за кои превозникот не одговара според позитивните прописи и меѓународните конвенции.Организаторот на патувањето не прифаќа никаква одговорност доколку дипломатско-конзуларното представништво го одбие издавањето на влезна виза или доцни со издавањето на визата,или ако емиграционото одделение на странска земја не одобри влез на одреден патник,ниту за билокои други последици кои произлегуваат поради евентуалната неисправност или губење на патните документи на патникот. Во овие случаи патникот ги плаќа дополнителните трошоци.

8. ОБВРСКИ НА ПАТНИКОТ Патникот е обврзан да се грижи да тој лично,неговите документи и предметите ги исполнуваат условите предвидени со граничните,царинските,здраствените и другите прописи на својата земја како и на земјата во која патува, да се придржува кон куќниот ред во угостителските и хотелските објекти,како и во превозните средства, и да соработува со представникот на организаторот и извршителите на услугите во добра намера. Во случај на непочитување на овие обврски,патникот одговара на организаторот за направената штета.Патниците кои свесно го нарушуваат редот во објектите односно возилото можат да бидат одстранети од аражманот. Патникот е должен да поседува важечки пасоши да се информира кај организаторот дали за земјата во која патува (или за земјите низ кои се патува во транзит) е потребна виза,за да таа навреме се обезбеди.

9. БАГАЖ Багажот се превезува на ризик на патникот,поради тоа препорачуваме осигурување на багажот кај осигурителното друштво.Организаторот не одговара за уништениот или изгубениот багаж,како и за изгубениот багаж или драгоцености во хотелот (препорачуваме наем на сеф).

10. ЗДРАСТВЕНИ ПРОПИСИ И ЗАШТИТА Патникот е должен да се информира кај надлежната здраствена институција и да ги почитува здраствените прописи за патување во одредена земја(потреба од вакцина или здраствен документ).Во случај на болест или незгода во текот на користењето на аражманот, трошоците за лечење или евентуалните лекарски интервенции ги плаќа патникот. Препорачуваме здраствено осигурување за случајна болест или незгода за време на престој во странство кај осигурително друштво.

11. СМЕСТУВАЊЕ ВО СОБИ И АПАРТМАНИ Доколку купувачот не договорил соба / апартман со посебни карактеристики,ќе прифати било која официјално регистрирана соба/апартман за сместување во договорениот објект,опишана во каталогот и ценовникот.Доколку е можно организаторот ќе се обиде да одговори на дополнителните барања на патникот (конфор,ориентација на собата,кат и сл.) но не може да гарантира исполнување на таквото барање.Сместувањето во собите е од 14:00 ч.а напуштањето на собите до 10:00 ч.доколку во куќниот ред не е поинаку назначено.

12. РЕШАВАЊЕ НА ПРИГОВОРИ Во случај на непотполно или неквалитетно извршување на услугите, патникот има право на сразмерно обештетување доколку приложи писмен приговор.Секој патник - носител(потписник) на договорот има право на приговор врз основа на неизвршена договорена услуга. Организаторот нема да прима во процедура групни приговори кои ги поднесуваат повеќе носители на договори врз основа на еден приговор. Постапка за поднесување приговор:

- веднашна самото место патникот ја рекламира неадекватната услуга кај представникот на организаторот,а доколку истиот го нема,кај извршителот на услугите.Патникот е должен да соработува со преставникот и со извршителот на услугите во добра намера да се отстранат причините за приговорот.Доколку патникот на самото место не го прифати понуденото решение за рекламацијата кое одговара на уплатената услуга,организаторот нема да ја уважи дополнителната рекламација на патникот и нема да одговори на истата.

- ако причината за рекламација не биде отстранета,патникот за тоа составува со представникот писмена потврда (записник).

-најдоцна 8 дена по завршувањето на аражманот, патникот поднесува писмен приговор во продажното место каде што уплатил аражманот,и ја приложува писмената потврда (записникот) потпишан од представникот како и евентуални сметки за дополнителни трошоци. Организаторот ќе ги прими во процедура само потполно документираните приговори поднесени во наведениот рок од 8 дена.

- организаторот е должен да поднесе писмено решение во рок од 14 дена од приемот на приговорот во продажното место.

Организаторот може да го одложи рокот на решението на приговорот заради комплетирање на информациите и проверка на наведените рекламации кај извршителот на услугите.Организаторот ќе ги решава само оние рекламации за кои во местото на одмор не можеле да бидат отстранети причините кои ги предизвикале.

- додека организаторот не донесе решение по приговорот, патникот се откажува од посредување на било кое друго лице,судска постапка или давање информации во јавните медиуми.- највисока надокнада по приговорот не може да достигне сума до износот на рекламираниот дел од услугите,но таа неможе да ги вклучува веќе искористените услуги како и севкупниот износ на аражманот.Со ова веќе се исклучува правото на купувачот за идеална штета.

13. НАДЛЕЖНОСТ НА СУДОТ Во смисла на точка 13.Од овие услови,купувачот на услугите од одредена програма има право на рекламација кај организаторот на патувањето.Доколку купувачот не е задоволен со решението на организаторот има право да побара дополнителна арбитража од страна на АТАМ или од страна на надлежниот суд

ВЕСТИ
АНКЕТИ
Дали сакате да ги искористите попустите за early booking за ЗИМА 2018/2019
НЕ, никогаш не ги користам early booking попустите
ДА, секогаш ги користам early booking попустите
Не, ке резервирам неколку дена пред почетокот на одморот
   1 EUR = 61.505 MKD   1 US = 46.5066 MKD   1 CD = 45.4818 MKD   1 AUD = 44.8451 MKD   100 JPY = 0.554499 MKD   1 GBP = 72.8128 MKD