|
|
|
|
 |
|
[HeadlineCategory]
|
CIEE (Council on International Educational Exchange) формирана во 1947 година во Бостон, е наш долгогодишен партнер за испраќање ученици во САД и е една од најголемите интернационални организации за размена на ученици од целиот свет. USA HIGH SCHOOL PROGRAM е 5 или 10 месечна академиска програма со вклучен куќен престој, која им овозможува на квалификуваните интернационални ученици од средните училишта да посетуваат локално средно училиште во САД и да живеат во семејство домаќин. Оваа е образовна програма и програма за културна размена што им овозможува на студентите единствена можност да се здобијат со искуство на едукација и живеење во САД.
УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО ВО ПРОГРАМАТА
Следниве критериуми се утврдени од US STATE DEPARTMENT и директорот на САД програмата:
- Сите учесници на оваа програма мора да бидат на возраст меѓу 15 и 18 години во времето на нивното пристигање во САД. Мора да имаат 15 години пред да влезат во САД и не смеат да имаат повеќе од 19 пред 1 февруари во програмската година. - Сите учесници на оваа програма мора да бидат редовни ученици во средно училиште во матичната земја кои сеуште го немаат комплетирано средното образование. - Сите учесници на програмата мора да имаат познавање на англиски јазик кое ќе биде проверено преку тестови и индивидуални документи од Т.А Феријал Кашиков и CIEE. - За да може студентот да се запише во средно училиште во САД од суштинско значење е дали тој/таа ги има примено сите барани вакцини (страна 11 од апликацијата). Ако овие вакцини не можат да се дадат локално, потребно е писмо од родителите во кое тие дозволуваат дека ученикот не смее да се вакцинира во Америка. Можеби ке постои тарифа од $50 US долари по вакцинација. Осигурувањето не ги покрива трошоците за овие вакцини. - Од учениците во средните училишта на Советот за размена се бара да работат во рамките на една организација што е посветена на помагањето, подобрувањето и поддржувањето на заедницата - домаќин и луѓето кои живат во неа.
|
|
|
|
| ВЕСТИ | |  | |
|
|
|
 |
|
|
 |
|
|
|