Скопје        Охрид
 

[HeadlineCategory]

 

 

Торони - Апартмани "Ana Sakis"

Куќа „ Ана Сакис“ се наоѓа на почетокот на Торони, во исклучително мирен дел. Оддалечена е 20 метри од плажа. Студијата содржат: комплетно опремена кујна, сопствен тоалет, ТВ, клима (вклучена во цената), бесплатен интернет, тераса.

Сезонски цени

Термин

Ноќевања

1/2 студио

1/2+1 студио

23/8-1/9

9

435

495

Вонсезонски цени

Термин

Ноќевања

1/2

3. лице

1/9 – 11/9

10

11.470 (185)

2.170 (35)

11/9 – 21/9

10

8.370 (135)

2.170 (35)

21/9 – 1/10

10

5.270 (85)

2.170 (35)

Доплата за туристичка такса во Р.Грција, 0,50 € по соба на ден (се доплаќа во објектот)

Напомени и услови:

· Цените во табелите се за наем на цело студио или апартман, за број на ноќевања кој е запишан во табелата.
· ГРАТИС превоз за термините кои се обележани со ѕвезда (*), за останатите превозот се доплаќа:
- За возрасни 2.170 мкд. (35 евра)
- За деца до 12 години 1.550 мкд. (25 евра)
- Деца до 2 години бесплатно, без седиште
· Тргнувањето од Скопје е во 3 часот наутро (на паркингот спроти хотел „Холидеј ин“) а состанок на групата е во 2:30 минути. Тргнувањето од Грција е од место и време кои се договараат со придружникот-пратител на групата.
· Термините во табелите се денови на започнување и на завршување на аранжманот.
· Преземањето на собите започнува најрано во 14 часот по локално време првиот ден, а напуштањето на истите е најдоцна до 9 часот по локално време последниот ден од аранжманот. Ненавременото напуштање на собите може да биде причина за нарушување на одморот и комодитетот на клиентите кои треба да влезат во студијата/ апартманите во следниот термин.
· Во собите е дозволено сместување на лица согласно со бројот на легла, т.е. исклучиво на лицата кои се наведени во ваучерот издаден од агенцијата. Во случај на сместување на повеќе лица од дозволеното, агенцијата или локалниот партнер на истата го задржуваат правото да не ги примат лицата кои не се наведени во ваучерот или за истите да побараат соодветен финансиски надомест.
· Единствено е дозволено сместување на едно дете до 5,99 години над бројот на кревети во секое студио или апартман
· Сликите кои се објавени на нашата веб-страница (www.ferijalkasikov.com.mk) се само дел од севкупната понуда-содржина и истите служат за да се добие генерален впечаток за објектот, агенцијата не може и нема да гарантира сместување во прецизно одредена соба од објавените. Нашата веб-страница (www.ferijalkasikov.com.mk) е од информативен карактер, за сите детали и специфичности, задолжително информирајте се кај нашите вработени во канцелариите во Штип и Скопје
· Агенцијата организира превоз со придружник-пратител на групата, до место кое е најпогодно за застанување и паркирање на автобусот.
· Клиентите кои не користат огранизиран превоз од агенцијата, т.е. оние кои патуваат со сопствен превоз се сместуваат индивидуално во собите, истите ги молиме да побараат точни информации за локација на сместувачките капацитети во нашите канцеларии.
· За хигиената во собите во текот на престојот се грижат самите клиенти.
· Сопствениците на објектите го задржуваат правото при евентуално направена-причинета штета да извршат наплата за истата од клиентите кои се сместени во моментот.
· TA Феријал Кашиков не може да гарантира стабилност, брзина или коректност на интернет врската во кој-било објект од целата понуда.
· Пред тргнување, Ве молиме да ја проверите важноста на своите патни исправи и задолжително да обезбедите патничко-здравствено осигурување, недостаток на истите не е одговорност на вработените и на самата агенција.

Цените се изразени во евра во денарска противредност 1€ = 62 денари. Плаќањето е исклучиво во денари
Важат општите услови за патување на ТА Феријал Кашиков и СКТМ


Апартмани "Ana Sakis"
 

ВЕСТИ
АНКЕТИ
Дали сакате да ги искористите попустите за early booking за ЛЕТО 2019
НЕ, никогаш не ги користам early booking попустите
ДА, секогаш ги користам early booking попустите
Не, ке резервирам неколку дена пред почетокот на одморот
   1 EUR = 61.505 MKD   1 US = 46.5066 MKD   1 CD = 45.4818 MKD   1 AUD = 44.8451 MKD   100 JPY = 0.554499 MKD   1 GBP = 72.8128 MKD