Скопје        Охрид
 

[HeadlineCategory]

 

 

ФУРКА - Куќа "Nikos"

Aпартманите Никос се оддалечени околу 250 метри од централната плажа во Фурка, на 70-80 метри од нив е големиот маркет “Масутис” и центарот на селцето.
Објектите располагаат со трикреветни и четирикреветни апартмани. Сите апартмани имаат комплетно опремена кујна, сопствен тоалет, ТВ, клима уред, бесплатен интернет и тераса.

Термин

Ноќевања

1/3 апартман

26.05-02.06

7

195*

02.06-12.06

10

335*

12.06-21.06

9

355*

21.06-30.06

9

395*

30.06-09.07

9

435

09.07-18.07

9

475

18.07-27.07

9

495

27.07-05.08

9

495

05.08-14.08

9

495

14.08-23.08

9

495

23.08-01.09

9

465

01.09-11.09

10

415*

11.09-21.09

10

375*

21.09-01.10

10

235*

Напомени и услови:

· Доплата за туристичка такса во Р.Грција, 0,50 € по соба на ден (се доплаќа во објектот)
· Цените во табелите се за наем на цело студио или апартман, за број на ноќевања кој е запишан во табелата.
· ГРАТИС превоз за термините кои се обележани со ѕвезда (*), за останатите превозот се доплаќа:
- За возрасни 2.170 мкд. (35 евра)
- За деца до 12 години 1.550 мкд. (25 евра)
- Деца до 2 години бесплатно, без седиште
· Тргнувањето од Скопје е во 3 часот наутро (на паркингот спроти хотел „Холидеј ин“) а состанок на групата е во 2:30 минути. Тргнувањето од Грција е од место и време кои се договараат со придружникот-пратител на групата.
· Термините во табелите се денови на започнување и на завршување на аранжманот.
· Преземањето на собите започнува најрано во 14 часот по локално време првиот ден, а напуштањето на истите е најдоцна до 9 часот по локално време последниот ден од аранжманот.
· Во собите е дозволено сместување на лица согласно со бројот на легла, т.е. исклучиво на лицата кои се наведени во ваучерот издаден од агенцијата. Во случај на сместување на повеќе лица од дозволеното, агенцијата или локалниот партнер на истата го задржуваат правото да не ги примат лицата кои не се наведени во ваучерот или за истите да побараат соодветен финансиски надомест.
· Единствено е дозволено сместување на едно дете до 5,99 години над бројот на кревети во секое студио или апартман
· Сликите кои се објавени на нашата веб-страница (www.ferijalkаsikov.com.mk) се само дел од севкупната понуда-содржина и истите служат за да се добие генерален впечаток за објектот, агенцијата не може и нема да гарантира сместување во прецизно одредена соба од објавените. Нашата веб-страница е од информативен карактер, за сите детали и специфичности, задолжително информирајте се кај нашите вработени во канцелариите во Штип и Скопје
· Агенцијата организира превоз со придружник-пратител на групата, до место кое е најпогодно за застанување и паркирање на автобусот.
· Клиентите кои не користат огранизиран превоз од агенцијата, т.е. оние кои патуваат со сопствен превоз се сместуваат индивидуално во собите, истите ги молиме да побараат точни информации за локација на сместувачките капацитети во нашите канцеларии.
· За хигиената во собите во текот на престојот се грижат самите клиенти.
· Сопствениците на објектите го задржуваат правото при евентуално направена-причинета штета да извршат наплата за истата од клиентите кои се сместени во моментот.
· Агенцијата не може да гарантира стабилност, брзина или коректност на интернет врската во кој-било објект од целата понуда.
· Агенцијата го задржува правото да објави дел од слободните (непродадени) капацитети на Last Minute понуда, претходно направените и потврдени резервации нема да подлежат на какви било промени во цената.
· Пред тргнување, Ве молиме да ја проверите важноста на своите патни исправи и задолжително да обезбедите патничко-здравствено осигурување, недостаток на истите не е одговорност на вработените во ТА Феријал Кашиков и на самата агенција


Цените се изразени во евра во денарска противредност 1€ = 62 денари. Плаќањето е исклучиво во денари
Важат општите услови за патување на ТА Феријал Кашиков и СКТМ

·

 

 

ВЕСТИ
АНКЕТИ
Дали сакате да ги искористите попустите за early booking за ЛЕТО 2019
НЕ, никогаш не ги користам early booking попустите
ДА, секогаш ги користам early booking попустите
Не, ке резервирам неколку дена пред почетокот на одморот
   1 EUR = 61.505 MKD   1 US = 46.5066 MKD   1 CD = 45.4818 MKD   1 AUD = 44.8451 MKD   100 JPY = 0.554499 MKD   1 GBP = 72.8128 MKD