Скопје        Охрид
 

[HeadlineCategory]

 

 

Апартмани "Christina" - Ханиоти

Куќа „Кристина“ е лоцирана во многу мирен и тивок дел на Ханиоти, на околу 500 метри од центарот и 100 метри од плажа, која е неорганизирана со барови. Куќата има голем прекрасен двор, кој е особено корисен за семејства со деца. Составена е од два дела т.е. две згради. Во едната се наоѓаат апартманите каде има една спална соба и уште една соба каде се сместени двете дополнителни легла и се опремени со постар мебел, додека за разлика од нив, студијата имаат нов мебел, а четирите кревети, од кои два се на кат, се во една просторија. Сите имаат големи тераси, комплетно опремени кујни, тоалет, ТВ, интернет и клима кои се вклучени во цената. Првиот маркет е на околу 250 метри од куќата.

 

Термин

Ноќевања

1 и 2 лице

3 и 4 лице

24.05-31.05

7

59

35

31.05-07.06

7

79

35

07.06-14.06

7

119

35

14.06-21.06

7

149

35

21.06-28.06

7

169

35

30.08-060.9

7

169

35

06.09-13.09

7

149

35

13.09-20.09

7

109

35

20.09-01.10

10

99

35

Сезонски цени

Термин

Ноќевања

1/3 студио

1/4 студио

1/4 апартман

28.06-07.07

9

490

510

530

07.07-16.07

9

545

565

585

16.07-25.07

9

555

575

595

25.07-03.08

9

575

595

615

03.08-12.08

9

575

595

615

12.08-21.08

9

575

595

615

21.08-30.08

9

565

585

605

Напомени и услови:

· Вонсезонските цени се дадени (објавени) по лице за 7 или 10 ноќевања со вклучен автобуски превоз. Плаќаат најмалку две лица. За патниците кои нема да го користат превозот од цената се одбива 20 евра од целосната-вкупната сума
· Сезонските цени се дадени (објавени) за наем на цело студио или апартман за 9 ноќевања, според бројот на кревети во секоја соба, без вклучен превоз, а истиот се доплаќа:
За возрасни 2.170 мкд. (35 евра)
За деца до 12 години 1.550 мкд. (25 евра)
Деца до 1,99 години бесплатно, без седиште
· Тргнувањето од Скопје е во 3 часот наутро (на паркингот спроти хотел „Холидеј ин“) а состанок на групата е во 2:30 минути. Тргнувањето од Грција е од место и време кои се договараат со придружникот-пратител на групата.
· Термините во табелите се денови на започнување и на завршување на аранжманот.
· При резервирање на одбраниот објект, ве молиме да приложите копии од пасоши на сите патници кои ќе престојуваат во истиот.
· Преземањето на собите започнува најрано во 14 часот по локално време првиот ден, а напуштањето на истите е најдоцна до 9 часот по локално време последниот ден од аранжманот. Ненавременото напуштање на собите може да биде причина за нарушување на одморот и комодитетот на клиентите кои треба да влезат во студијата/ апартманите во следниот термин.
· Во собите е дозволено сместување на лица согласно со бројот на легла, т.е. исклучиво на лицата кои се наведени во ваучерот издаден од агенцијата. Во случај на сместување на повеќе лица од дозволеното, агенцијата или локалниот партнер на истата го задржуваат правото да не ги примат лицата кои не се наведени во ваучерот или за истите да побараат соодветен финансиски надомест.
· Единствено е дозволено сместување на едно дете до 2,99 години над бројот на кревети во секое студио или апартман
· Сликите кои се објавени на нашата веб-страница (www.ferijalkasikov.com.mk) се само дел од севкупната понуда-содржина и истите служат за да се добие генерален впечаток за објектот, агенцијата не може и нема да гарантира сместување во прецизно одредена соба од објавените. Нашата веб-страницa е од информативен карактер, за сите детали и специфичности, задолжително информирајте се кај нашите вработени во канцелариите во Штип и Скопје
· Агенцијата организира превоз со придружник-пратител на групата, до место кое е најпогодно за застанување и паркирање на автобусот.
· Клиентите кои не користат огранизиран превоз од агенцијата, т.е. оние кои патуваат со сопствен превоз се сместуваат индивидуално во собите, истите ги молиме да побараат точни информации за локација (координати и контакт) на сместувачките капацитети во нашите канцеларии.
· За хигиената во собите во текот на престојот се грижат самите клиенти.
· Сопствениците на објектите го задржуваат правото при евентуално направена-причинета штета да извршат наплата за истата од клиентите кои се сместени во моментот.
· Агенцијата не може да гарантира стабилност, брзина или коректност на интернет врската во кој-било објект од целата понуда.
· Агенцијата го задржува правото да објави дел од слободните (непродадени) капацитети на Last Minute понуда, претходно направените и потврдени резервации нема да подлежат на какви било промени во цената.
· Пред тргнување, Ве молиме да ја проверите важноста на своите патни исправи и задолжително да обезбедите патничко-здравствено осигурување, недостаток на истите не е одговорност на вработените во агенцијата и на самата агенција.

Цените се изразени во евра во денарска противредност 1€ = 62 денари. Плаќањето е исклучиво во денари
Важат општите услови за патување на ТА Феријал Кашиков и СКТМ


 

 

ВЕСТИ
АНКЕТИ
Дали сакате да ги искористите попустите за early booking за ЛЕТО 2020
НЕ, никогаш не ги користам early booking попустите
ДА, секогаш ги користам early booking попустите
Не, ке резервирам неколку дена пред почетокот на одморот
   1 EUR = 61.505 MKD   1 US = 46.5066 MKD   1 CD = 45.4818 MKD   1 AUD = 44.8451 MKD   100 JPY = 0.554499 MKD   1 GBP = 72.8128 MKD