Скопје        Охрид
 

[HeadlineCategory]

 

МАКАРСКА

(пакет аранжман 7 ноќевања со превоз)

      Mагичната привлечност на хрватското приморје доживува кулминација во неговиот најживописен дел - Далмација. Оваа туристичка мека, доволно позната на македонскиот пазар од времето на заедничката држава и денес изобилува со квалитети кои ќе Ве остават без зборови. Синилото на Јадранското Море, автентичните приморски градови, богатиот ноќен живот, морските специјалитети и прекрасните плажи се само дел од долгата листа адути на Далмација! Во вашиот избор и размислувања, - кое место од многуте нанижени од двете страни на градот Сплит: Тучепи, Макарска, Подгора, Брела, Трогир, Примоштен, Шибеник, Водице... би ги избрале за одмор, ние за оваа сезона Ви ја предлагаме Макарска. Бисерот на Далмација и градот кој плени со сета негова содржина. Вам секако ви преостанува само да уживате во неа! А што всушност Макарска ви нуди?! Навистина многу... Близината на островите Брач, Хвар, Корчула... планината Биоково, не така далечните слапови на Крка, Плитвичките езера, градовите Сплит, Солин, Трогир... како и најблиските места: Башка Вода, Брела, Тучепи... се едноставно непрекината инспирација за збогатување на спомените кои можат да се стекнат за само едно лето во Хрватска и Далмација. Доколку пак посакате да го посветите своето време исклучиво на Макарска, сосема е извесно дека нема да останете без фотографии. Посетите на многуте историски градби, како 500 години стариот Фрањевачки самостан, единствениот Малаколошки музеј, Институтот за планините и морето, црквата Св.Марко на Кациќевиот плоштад, Градскиот музеј, црквите на Св.Филип и Св.Петар... се вредност која дополнително ќе го направи вашиот престој во Макарска уште побогат.



01.денСКОПЈЕ – МАКАРСКА
Состанок на групата во 16:30 часот на паркингот пред хотел "Holiday Inn", заминување за Хрватска во 17:00 ч. Патот води преку граничниот премин Блаце со Косово, Албанија и Црна Гора. Дневно и ноќно возење со попатни одмори.

02.ден МАКАРСКА
Пристигнување во Макарска во претпладневните часови. Попладне, сместување во собите и слободно време за одмор, релаксација и запознавање со летувалиштето. Ноќевање.

од 03. до 08.ден МАКАРСКА
Денови за одмор со престој во соби (со сопствена бања) или студија (со тоалет и кујна) во приватни куќи, на база ноќевање или полупансион (со исхрана во ресторан). Комуникација со локалните представници за евентуални дополнителни услуги, факултативни излети и посети.

09.ден МАКАРСКА – СКОПЈЕ
Напуштање на собите (до 10:00 часот). Заминување од Макарска во попладневните часови. Дневно и ноќно возење со попатни одмори. Патот води преку Црна Гора, Албанија и Косово.

10.ден СКОПЈЕ
Пристигнување во Македонија во претпладневните часови.

Цени за пакет аранжман, 7 ноќевања со превоз:
- Терминитe во табелата се однесуваат на ден на поаѓање (термин BUS) или ден на влез во објектите (термин check-in)
- Цените се однесуваат на аранжман по лице (7 ноќевања со превоз), за сместување на минимум две лица во соба/студио.
- Цените се изразени во EUR за уплата во денарска пртиввредност: 1 EUR = 62 MKD

ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ:
- Трето возрасно лице на дополнителен кревет: -15%.
- Дете 2-12 години на дополнителен кревет: -25%, дете 0-2 години: бесплатно
- Попустите за деца и за трето лице, важат при сместување во соба со две возрасни лица
- Доплата за 7 полупансиони (појадок и вечера) во ресторан 110 EUR / 55 EUR за деца 2-12 год., (со резервација)
- Употреба на клима уред (АС*), се доплатува во објектот (каде што е достапно)

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
- Превоз со туристички автобус на наведената релација
- Сместување во двокреветни соби (со сопствен тоалет) или студио (со тоалет и кујна) на база 7 ноќевања
- Употреба на заедничка кујна е вклучена во цена на собите (не важи за собите во Villa Matijasevic)
- Организација и реализација на аранжманот


ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
- Туристичка такса: 9 € по лице, 4,5€ за лица од 12-18 год. и бесплатно за деца до 12 год.
- Задолжителна полиса за патничко осигурување (препорачуваме - полиса без франшиза)
- Други неспоменати услуги во програмата

ЗАБЕЛЕШКИ:
- За патување со сопствен превоз цената се намалува за 30 EUR по лице
- Само превоз (автобус) 90 € (за деца 2-12год 45 €)
- За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 40 патници
- За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ и Феријал Кашиков

ЛЕГЕНДА:
Соба 1/2 (1 двоен или 2 единечни кревети, тоалет), Соба 1/2+1 (1 двоен и 1 единечен кревет или помошен кревет, тоалет), AC* клима уред со доплата, Студио (соба со кујна и тоалет), TV телевизор.





 

ВЕСТИ
АНКЕТИ
Дали сакате да ги искористите попустите за early booking за ЛЕТО 2020
НЕ, никогаш не ги користам early booking попустите
ДА, секогаш ги користам early booking попустите
Не, ке резервирам неколку дена пред почетокот на одморот
   1 EUR = 61.505 MKD   1 US = 46.5066 MKD   1 CD = 45.4818 MKD   1 AUD = 44.8451 MKD   100 JPY = 0.554499 MKD   1 GBP = 72.8128 MKD