Скопје        Охрид
 

[HeadlineCategory]

 

 

Никити - Хотел "Toroneos"

Хотелот „Торонеос“ се наоѓа на влезот на Никити. Од првата, мала, неорганизирана плажа е оддалечен околу 150 метри. Официјално е рангиран со 2* и е постар, изграден во медитерански стил. Собите содржат: фрижидер, сопствен тоалет, ТВ, клима (вклучена во цената), бесплатен интернет, тераса. Има голем, убав двор, базен и сопствен паркинг.

Термин

Полупансиони

Цена по лице во 1/3

Цена по лице во 1/4

02.06-12.06

10

199

219

12.06-21.06

9

229

249

21.06-30.06

9

249

269

30.06-09.07

9

279

299

09.07-18.07

9

329

349

18.07-27.07

9

389

455

27.07-05.08

9

389

455

05.08-14.08

9

389

455

14.08-23.08

9

359

425

23.08-01.09

9

329

365

01.09-11.09

10

279

299

11.09-21.09

10

259

279

21.09-01.10

10

229

249

Напомени и услови:

· Доплата за туристичка такса во Р.Грција, 1,50 € по соба на ден (се доплаќа во објектот)
· Цените во табелите се по лице за 9 или 10 полупансиони (појадок и вечера) шведска маса
· Услови за сместување:
- Дете до 11,99 години бесплатно
- Трето и четврто лице имаат 75% попуст
· Автобуски превоз по лице:
- За возрасни 2.170 мкд. (35 евра), За деца до 12 години 1.550 мкд. (25 евра) , Деца до 2 години бесплатно, без седиште
· Тргнувањето од Скопје е во 3 часот наутро (на паркингот спроти хотел „Холидеј ин“) а состанок на групата е во 2:30 минути. Тргнувањето од Грција е од место и време кои се договараат со придружникот-пратител на групата.
· Термините во табелите се денови на започнување и на завршување на аранжманот.
· Преземањето на собите започнува најрано во 14 часот по локално време првиот ден, а напуштањето на истите е најдоцна до 9 часот по локално време последниот ден од аранжманот.
· Во собите е дозволено сместување на лица согласно со бројот на легла, т.е. исклучиво на лицата кои се наведени во ваучерот издаден од агенцијата. Во случај на сместување на повеќе лица од дозволеното, агенцијата или локалниот партнер на истата го задржуваат правото да не ги примат лицата кои не се наведени во ваучерот или за истите да побараат соодветен финансиски надомест.
· Единствено е дозволено сместување на едно дете до 5,99 години над бројот на кревети во секое студио или апартман
· Сликите кои се објавени на нашата веб-страница (www.ferijalkasikov.com.mk) се само дел од севкупната понуда-содржина и истите служат за да се добие генерален впечаток за објектот, агенцијата не може и нема да гарантира сместување во прецизно одредена соба од објавените. Нашата веб-страницае од информативен карактер, за сите детали и специфичности, задолжително информирајте се кај нашите вработени во канцелариите во Штип и Скопје
· Агенцијата организира превоз со придружник-пратител на групата, до место кое е најпогодно за застанување и паркирање на автобусот.
· Клиентите кои не користат огранизиран превоз од агенцијата, т.е. оние кои патуваат со сопствен превоз се сместуваат индивидуално во собите, истите ги молиме да побараат точни информации за локација на сместувачките капацитети во нашите канцеларии.
· За хигиената во собите во текот на престојот се грижат самите клиенти.
· Сопствениците на објектите го задржуваат правото при евентуално направена-причинета штета да извршат наплата за истата од клиентите кои се сместени во моментот.
· Цените објавени во табелите се конечни, без скриени трошоци. Одлуката за доплата на клима-уред, интернет и слично, кај одредени сместувачки капацитети е на сопствениците на објектите, агенцијата ги објавува информациите според меѓусебно потпишаниот договор со истите.
· Агенцијата не може да гарантира стабилност, брзина или коректност на интернет врската во кој-било објект од целата понуда.
· Агенцијата го задржува правото да објави дел од слободните (непродадени) капацитети на Last Minute понуда, претходно направените и потврдени резервации нема да подлежат на какви било промени во цената.
· Пред тргнување, Ве молиме да ја проверите важноста на своите патни исправи и задолжително да обезбедите патничко-здравствено осигурување, недостаток на истите не е одговорност на вработените во агенцијата и на самата агенција.

Цените се изразени во евра во денарска противредност 1€ = 62 денари. Плаќањето е исклучиво во денари
Важат општите услови за патување на ТА Феријал Кашиков и СКТМ

·



 

ВЕСТИ
АНКЕТИ
Дали сакате да ги искористите попустите за early booking за ЛЕТО 2019
НЕ, никогаш не ги користам early booking попустите
ДА, секогаш ги користам early booking попустите
Не, ке резервирам неколку дена пред почетокот на одморот
   1 EUR = 61.505 MKD   1 US = 46.5066 MKD   1 CD = 45.4818 MKD   1 AUD = 44.8451 MKD   100 JPY = 0.554499 MKD   1 GBP = 72.8128 MKD